Христијанско – демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска одлучи дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе го избира својот нов претседател.
Расправата за раководството на партијата започна на почетокот на овој месец, кога наследничката на Меркел, Анегрет Крамп Каренбауер неочекувано поднесе оставка.
ЦДУ, според прелиминарните резултати, го забележа најлошиот резултат во историјата на локалните избори во Хамбург, што се одржаа вчера, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го помина изборниот цензус.
Причината за лошиот резултат на ЦДУ, според Би-Би-Си, е лидерската криза во партијата.
Весникот „Билд“ ги оцени резултатите во Хамбург како дебакл на ЦДУ, чија лидерска криза, како што наведува, „ги отвори прашањата во врска со иднината на најголемата европска економија“.