Дарко ЈАНЕВСКИ

Само два-три дена пред Антонио Милошоски да ја објави снимката со Заев као врховен судија, Али Ахмети имаше изјава во која јавно призна дека случајот „Монструм“ бил вратен на повторно судење откако тоа било политички договорено. Убијците кои имаа правосилна пресуда се најдоа на слобода, а случајот го презеде Гучи препич-парадерката од СЈО. Откако претходно, обвинителката Лилјана Спасовска истури пепел врз дотогаш сторено во Монструм и правосилните пресуди.

Тоа е истиот случај за кој Заев тврдеше дека има снимки, сугерираше дека е наместен, а најгрдиот слој од ова општество, новинарски, политички и академски, шљамот од кој би се срамела секоја здрава нација, на крилјата на тие снимки кои никогаш не ги слушнавме, дури тврдеше и дека случајот е договорен за „режимот“ да остане на власт.

Заев сега вели дека не се сеќава на такво нешто, основ за враќање на целиот случај на почеток немаше, но јавната тајна ја обнароди Ахмети: политиката договорила поништување на пресудата. Согласно реформите кои ги презела оваа власт во овие три години. Нели? А која и чија политика, тоа белким ви е јасно.

Така доаѓаме до едно: „Молам?“. Јавно признание дека политиката пишува пресуди? И молк на сите страни. За петкратно убиство. Молк од невладините бандити на Сорос, баграта која шпарташе по улици, демек за „правда“, молк од чевлите на Владе Милчин, молк од Фрле викан ФОН-професор со здомено синче, молк од печурките што тој ги одгледал како новинари, а сега распространети по разни гебелсови радија и портали, молк од губернаторите на Македонија кои иначе ни се мешаат и кога песок ќе ни помине низ бубрегот…

Не дека ни треба нивниот глас, не дека ни треба гласот на „отидени од умот и од виорот“, никогаш веќе да не бекнат е најдобро, но човек не може да одделее, а да спомене што мизерија биле.

Така, децата и рибарот станаа играчка во рацете на една кретеноидна банда на власт која си најде свои лакеи и брисачи на муртинска кал од чевлите во обвинителството на Јовески и Спасовска. Ха, кога веќе зборуваме за кретеноидно судство и обвинителство, се чини тоа беше врвот: едно е дали ќе местиш или не притвор за Сеат Кочан, сосема друго се децата и рибарот. Чии убијци беа осудени со сите можни докази кои една полиција и едно обвинителство можат да ги обезбедат во денешните современи услови. Зашто кај Кочан ако има грешка се поправа, овде секој ден на слобода за убијците е криминал сторен од официјалната кретеноидна држава и нејзините претставници.

За жал, како што реков, тоа помина незабележано. СДСМ и нивната новинарска багра нормално го премолчаа ова. Вмровската пропаганда, пак, занимавајќи се себе, со своите височини кои всушност не се повеќе од магла над Мртвото Море кое е неколку метри под нултата точка на Земјата, која се занимава со тоа колку е убава, паметна и моќна играјќи на картата „народот е глуп и поводлив“, плус шарена, што значи „фенси“, плус за НАТО и за ЕУ, наспроти оние другите – пуј, а ете пак „клетите Турци“ не ја сакаат и преку некои изматоци ја клеветат, е таа вмровска пропаганда тоа со Ахмети не би го забележала ни со Ориент експрес во двор да и го донесат. Оти пет мртви се пет мртви, не е крај на светот!? Ама да бидеш шарен наместо шарен, е тоа веќе успех. Животна цел и смисла.

И тогаш се појавува Милошоски. И одеднаш драма. Едни коси корнат, им тече од замирисаните СДСМ-овски влошки и лубриканти кои им беа поделени, па сега им пречи тоа што снимката била „сечена, лепена и монтирана“. Другите од тој вид трчаат да украдат што уште може да се украде, сметајќи дека постојат големи шанси нивното време веќе да поминало. Освен ако шефот Заев не ги спаси, небаре тој сега за нив ја мисли, а не за него и чесниот му брат.

Другите пак почнаа да со кренатите лактови, со полни штабови, со патетики по фејсбук и твитер… Порано беше „Македонија има сила“, сега е „Милошоски им даде сила“.

Молчи, се разбира и шарлатанската експретска јавност. Ете ви го вашиот Заев, ете ви ја вашата Катица, по кој знае кој пат. Заев вели: „Катица знае…“.  И Заев додава: „Катица помага…“. А ти, адвокат, професор, интелектуалец, елита, си и помагал на Катица. Демек „си бил за правда за мир“. Што значи дека сега треба да бидеш за „скок од Камениот мост“ и да направиш барем мало добро за дело за човештвото со тоа.

Но, не, интелектуалата го премолче Ахмети. Сега и Милошоски. А го премолчува и Камениот мост. Се надева дека во скоро време странците ќе и дадат пари за нови закони. За реформи на правосудниот систем, кој досега е реформиран барем десетина пати. Ене прашајте ги Бранко и негована Ленче.

А прашањето е одамна познато. Докази за тоа дека Заев е во исто време шеф на законодавната, извршната и судската власт, имало, има и очигледно ќе има уште. Впрочем во една кампања тоа и е работа на опозицијата, но сега прашањето не е кој е Заев, туку како ќе заврши. Тој, и не само тој.

Нови закони нема да го решат проблемот. Закони има, нема обвинителство и судство. За да има, треба да се воспостави. Како? Со волшебно стапче – тешко! Со нови закони – губење време и енергија, плус замајување на јавноста, пред се на оној дел кој е подготвен да голтне било што што доаѓа од партискиот штаб. Со пропагандни фрази – уште помалку. Не вреди сега да се редат примери дека и во многу други земји, кои за себе имаат перцпеција дека се со независно судство и обвинителство – тоа постои до моментот додека и во тамошниот двор не заигра ситуација во која танцува нашата мечка. Се разбира, нивото е различно, но основата е иста.

Но постои еден начин од кој вреди да се почне. И да се оди чекор по чекор. Оттука, прашањето сега не е дали Заев нешто и направил на правдата, туку дали за тоа ќе одговара и тој и судиите и обвинителите кои стоеја зад него. А под „одговара“ не се подразбира само негов пораз на изборите. Туку она што го вели популарниот Шоиќ.

Зашто, како ќе направите „обнова“ со судии кои го ослободија Заев од Поткуп? Што со Катица и нејзините рекетарски и криминални ангели кои спроведуваа не правна, ами политичка агенда за која само ние плативме 15-тина милиони евра. Колку платиле криминалците олигарси, е веќе друго прашање. Што со… можеме да редиме до утре, но што со Јовески, Спасовска, Рускоска, Ставрев, Кацарска…? Веројатно ќе бидеме среќни ако бидат искарани, тоа ќе го добиеме како коска за глодање, но реформа би било кога тие би завршиле таму каде што им е местото. Па, Кацарска таму нека дежура до осум часот навечер кога во судот се решава за притвор на нејзини луѓе. Таа и Рускоска таму нека објаснуваат што е тоа „тероризам“ а што не. А вие после терајте си ветинзи и слични замајувања од кои нема да биде ништо, се додека ова првото не се направи.

Или, што со оние осумтте, сеедно што ете, токму некој од нив го снимал Заев па сега пак е патриот. Што со Прада системот, со Гучи, со Луј Витон системот, што со парите за дечињата на Димитров и Локвенец, што со Анѓушев, со милиончето на Царовска кое онака на купче би сакале да го видат и дебилите од Дива населба кои сега прават гозби во Идризово врз крвта на убиените полицијци и се фрустрирани што ортаците нивни од Смиљковско се на слобода, а тие, кутрите и невини мора да се стеснуваат во затвор.

Што со Филипче, нели правел криминал со некоја куќа и со што уште не, што со оној за земјоделие за кого поставената му сенка од ВМРО секој ден вади по некој документ, што со фалсификат дипломите од Илиевски, што со претходниците на Филипче… Или ќе им ставиме ангелски ореол на главата и на нивните кутри и напатени души, додека на друга страна го палиме народот со тоа какви поганштини се истите тие.

Еднаш предупредив дека еден дел од овој филм веќе го гледавме таму некаде пред 2006, кога беше репризата на филмот од пред 1998 година, кога виенското селанче од Делчево ќе ги враќаше фабриките на работници, па се се сведе на мафијаштво во кое вмровците со неколку исклучоци ги фати треската на крадење. Односно на филмот кога Влатко Ѓорчев ни ги презентираше палатите на тогашните криминалци од СДСМ и цистерните за нафта на Штерјо, во кои се превезуваше масло за јадење. За бомбона бизнисот на искубаната Прада и да не зборуваме. И? И никому ништо. Штерјо си стана ортак на Преродбата, Хари Костов даваше реклами по вмровски медиуми, олигархиската тајфа ги извади црвените дресови и подмочкуваше ако и беше дозволено Сашо Мијалков да го нарече Саше, оти тој беше добриот, а Грујо лошиот, богаташите на Ѓорчев, заедно со новите богаташи на ВМРО си доизградија уште по некој базен и се подновија со по уште некоја вила или хотелче, за да се најде, на Халкидики, тука и таму по некој медиумски газда доби скината пријава за да им се лигави од првиот до 100-тиот чекор на Преродбата… А, оние другите, обичните смртници? Е тие добија покачување на пензијата. Како и сега.

За оние пак од 1998-та, ќе наведам само еден пример: фабрика која денес веќе не постои, а која СДСМ буквално ја украде во приватизацијата, ВМРО-ДПМНЕ ја откупи од истите крадци со црни пари. Украдено половина милионче (или колку веќе беше) во марки, спакувани во коферче (не знаеле тогаш небањатите, а и оние другите за Луј Витон), му било дадено на крадецот од СДСМ, за да ја предаде фабриката на овие од ВМРО. Кажано-сторено. Но потоа доаѓа славниот 15 октомври 2002 година кога виското одново се вселува на Илинденска, и нова тура на процесот: новиот газда кој платил со крадени пари еднаш веќе украдена фабрика, заминува во притвор, два пати крадената фабрика оди во стечај, па во ликвидација, а народот, вмровски и комуњарски останува на улица да си копа очите.

Ништо од тоа сега не смее да се повтори. Ни една од овие сегашни афери не смеат подоцна да се покријат со изговорот дека криминал има, ама „законски бил покриен“. Тие приказни можат да се продаваат на новопечените зомбиевци и на партиските глувци, но на поголемиот дел од народот – тешко. Истиот тој народ не го интересира тоа. Народот ги сака назад парите од Димитров исушениот, од Локвенец, парите за машините на Шеќеринска, од автомобилите на Спасовски, од криминалот на пречесниот отец Заев и сите негови цивилни и црковни слуги. Од првиот до последниот. Народот сака правен поредок, сака расчистување на обвинителско-судската багра, на мафиозите во МВР кои штитат криминалци, а гонат баби на пазар, расчистување со тајфата „специјални“,  а не нејзино унапредување, со нивните „жртви“ кои Заев ги користел за пазар, народот сака да види што со овој состав на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители кои се дел од криминалното здружение на Зев, што со Фондот со иновации и поткупите на баграта која преку него беше исплатена…

Накратко, народот сака да види ново, реновирано Идризово и во него, сите модни марки и брендови како шеткаат додека чуварите им мавтаат со лепези зашто нивните фини бели дробови не можат да го издржат загаденот воздух. Ех, да, веројатно народот би сакал да знае и на чиј министер му припаѓа станот во Орман во кој живеел Боки и со кои пари го купил. Па и тој да шета малку на чист воздух. А после Фондот за иновации нека плаќа новинарски курви оттаму да пишуваат репортажи за тажната судбина на гуруто Заев и неговата тајфа. Се разбира, со поддршка на оние што не смеам да ги спомнам.

А на кој начин тоа ќе биде сторено – луѓето не ги интересира. Ќе прифатат и по принципот на оној Влав кому мувата му паднала во супата, па ја кренал, и ја притискал по вратот за да го плукне назад тоа што му го испила од супата. Па после ја смачкал.

Само така, само тогаш, ќе вредат и економските проекти, само така и само тогаш истиот народ ќе покаже разбирање и за тоа што се сака, а што не може да се направи.

И во сето ова, не станува збор за одмазда. Станува збор за тоа дали Македонија конечно ќе биде држава или ќе остане параспур во која самопрогласените елити ќе се менуваат и ќе си ги редат работите. Оти луѓето веќе гледаат тепачки на двете страни за пратеничките листи, а кренатите лактови на ВМРО веќе сега меркаат тендерчиња, фотелјички, службени автомобили и картички, Хилтони на Бетка национале, веќе сега вработуваат фризерки прашувајќи дали лубрикантите на Заев се потрошиле или има уште за да им се најдат, глумат локални и државни шерифи, купуваат во мислите станчиња, а богами и станови… Само, господо, избијте си го тоа од глава. Овој пат, кога веќе барате народот да ви даде буџет од 4 милијарди евра в рака, бара за тоа да му испорачате и да сработите. Тоа покачување што годишно ќе го добива преку плата и пензија е в ред, ама недоволно за да заборави дека под сработено се подразбира пред се воскреснување на државата. Не на илузијата за држава, туку на државата. Ако сметате дека таа никогаш и не постоела, тогаш направете ја. Почнувајќи со тоа што е одозгора на овој текст, па се до последните редови. Оти, пак, без тоа, ниту е можен економски развој на рок подолг од еден мандат, ниту ќе вредат 100-те евра повеќе плата, ниту било што ќе може посериозно да се направи.

Само тоа може да донесе и она што е најбитно: изградба на нова општествена свест која ќе ја замени сегашната застоена мочуришна вода, која мириса на кал и изгниени растенија, мочуришна вода која е вгнездена во главите на „елитите“, интелектуални и политички, и која потоа ќе го повлече и народот. Оваа сегашна општествена свест господо, во која на една страна се бандитите, а на друга имате сегашна или бивша коалиција со меки бабулиња, квази експерти, шарени ретардирани случаи побегнати од Демир Хисар, ситуација во која вмровските комити и поданици се трудат да остават впечаток дека ќе бидат шарени наместо шарените, наспроти небањатите кои им го реметат сонот за просперитетна пост Заева држава, онака фини дечиња кои се исти, но малку подобри од комуњарите, во која краткото помнење не е веќе ни кратко туку е фитилче кое гори за две-три секунди, таа ситуација господо веќе сме ја виделе.

Оттука, прашањето веќе не е што сторил Заев и што сториле неговите криминалци и бандити, туку дали за тоа ќе дојде времето на „ќорка“. Ако е второво тогаш ќе имате и слобода да го поканите го мачкарот од Белгија да дојде да ги надгледува условите. Заедно со неговите поданици овде, кои како и првиот пат, ќе ги имаат исплазено убавите јазичиња спремни да излижат се што поплукале. Како слика за нивото во кое сме сега и во кое сме последните неколку години.