Словенија испраќа 35 полицајци во Грција со цел да им помогнат на тамошните власти во заштита на границата и справувањето со бранот мигранти, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Овие 35 ќе бидат дел од 530 припадници на Фронтекс, кој веќе се распоредени на грчко-турската граница.
Синоќа и Хрватска објави дека ќе прати уште еден патролен полициски брод, како помош за грчката полиција во чувањето на поморската граница кон Турција.
Инаку, Владата во Љубљана изминатиов перид набави нови термални камери и опрема која служи за по ефикасно чување на границите.