Зоран Заев е сериозно уплашен па потрча помош да бара од фабриката за креирање лажни вести. Свесен сум дека следниве месец дена ќе бидам мета на најцрната кампања видена до сега, што би рекол Оливер Спасовски, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, додавајќи:

„Дечки од Бихачка, ајде потрудете се, можете подобро за тоа што ве плаќаат. Зоран Заев ќе те победам на 12ти април! Вице го прикажаа на снимки со обвинети во „Рекет”, a богами и тебе. Како беше она – Кој си ја ишка мувата од капата?“