Филмови на македонскиот режисер Милчо Манчевски деновиве ќе се прикажуваат на МРТВ. Тој  на својот Фејсбук профил објави дека како поддршка на вонредните мерки за корона вирусот неговите филмови ќе се прикажуваат на МРТВ.

Денеска во 22 часот ќе се прикажува „Пред дождот“, а в недела филмот „Мајки“.

Сите филмови на Манчевски на МРТВ како поддршка на вонредните мерки. В недела „Мајки“. Наредниот викенд „Сенки“ и „Бикини Мун“. #Седидома со Милчо“, напиша синоќа Манчевски.