Во Малта, како што информираат од МНР, нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул, во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија.
Од МНР информираат дека дополнително било одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата.
Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република С. Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.