Миодрач Петровиќ Чкаља, без сомнение беше еден од најдобрите глумци во бивша Југославија. И ден денес го помнат како виртуоз во глумата, а неговиот хумор е лек за душата, дури и за младите генерции кои не го запознаа.
Но, и тој беше само човек со свои маани. А тоа прв проговори Боле Стошиќ кој признал дека токму заради Чкаља не ја одиграл својата улога во „Подобар живот“.
„Не бев во Подобар живот зашто требаше да имам директни сцени со Чкаља. Тој кај себе имаше список од осум глумци со кои не сакаше да работи. На списокот беше и моето име. Не сакав да дојдам на снимање, а тој да ме исфрли. Знаев дека тоа ме чека“, рекол Стошиќ.
На прашањето зошто се скарале, Стошиќ одговорил:
„Се скаравме на советот на Белградскиот драмски театар. Тој мене ми беше многу драг, но несреќен човек. Беше толку популарен што поради тоа не смееше да излезе на улица. Во него сите го гледаа Чкаља од малите екрани.
Инаку, Чкаља сними повеќе од 90 филмови и освои голем број награди. Но, тоа не му помогнало до крајот на животот да има насмевка на лицето.
Пред крај на животот се жалел дека го мачи самотијата. Бил напуштен од колегите, гледајќи како пријателите му умираат еден по еден, а неговата прочуена насмевка почнала да бледнее.
Во 2002 година ја добил наградата цар Константин за животно дело, а со говорот ги потресол сите присутни:
„Да бев во Америка, и да примев ваква голема награда, прво ќе се заблагодарев на сопругата, па на децата, на бабата, па на продуцентот и режисерот. Но, бидејќи, за среќа, сум во својата драга Србија, се заблагодарувам, прво, на шефот на самопослугата кој, понекогаш, ќе ми одвои пензионерска коска, па на сосетката од бараката која ќе ми остави млеко под тезга, па на мојот поштар кој секогаш, на време касни со пензијата. Да не беа тие, не би бил овде“, рекол глумецот во 2002 година на доделувањето на наградата.
Потоа додал:
„Ти благодарам Србијо што ми дозволи да глодам коски“.
Умре наредната 2003 година во Белград, како крајно сиромашен човек.
(Србија денес)