Регионалниот лидер на Каталонија, Ким Тора изјави денеска дека е позитивен на Ковид-19 и ќе биде во самоизолација во зградата на Владата.
Вицепремиерот на Каталонија, Пере Арагонес, вчера, исто така, истакна дека е позитивен на тестот за коронавирус.
Во Шпанија има 7.753 заразени лица со Ковид-19 и 288 починати.