Денес на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што истакна дека во овие моменти е најважно здравјето на граѓаните, а не политиканство.
„Воопшто не ме загрижува Зоран Заев и неговите соработници околу него кои мене ќе ме обвинуваат за било што. Мене ми е важно здравјето на граѓаните и како Република Македонија ќе се справи со проблемите откако пандемијата ќе стивне. Загрижен сум за моменталната ситуација во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ може да помогне во оваа ситуација со сет мерки кои веќе неколку дена ги предлага, но оваа Влада е премногу суетна и не знам од која причина не ги прифаќа или пак ги прифаќа со доцнење”, посочи Мицкоски.
Мицкоски смета дека Венко Филипче како министер за здравство треба да делува, а не да излегува како портпарол давајќи само фактографски податоци за бројката на заболени лица од корона вирус.
„Медениот месец за Венко Филипче заврши. Не можеме ние да зборуваме за министер кој што треба да биде министер и да презентира колку нови протоколи се аплицирани, што се случува, кои се изолирани клиники каде што ќе се згрижуваат пациентите, да излегува како портпарол на министерството и таксативно фактографски да наведува нови два случаи, нови 7, нови 10 случаи. Еве денска додека се снима емисијата имаме нови 19 случаи, прашање е на време кога ќе се надмине бројката над 100, прашање на време е кога ќе згасне човечки живот“, изјави Мицкоски.
„ВМР0-ДПМНЕ е на располагање со сиот свој капацитет да помогне во оваа ситуација и да соработува со цел зачувување на здравјето на граѓаните, бидејќи нивното здравје е пред и над се“, образложи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ