По реакцијата на лекарите од Инфективната клиника во Тирана, албанското Министертво за здравство објави ново соопштене,во кое стои дека 61-годишниот пациент од Тирана не починал туку дека преживеал клиничка смрт.
„Пациентот (61) заразен со коронавирус хоспитализиран на Инфективната клиника во Тирана преживал клиничка смрт. Лекарите со огромни напори го вратиле во живот. Но, неговата состојба останува исклучително сериозна! Очекувајте изјава на лекарите, се објаснува во соопштението на Министерството.
Во меѓувреме медицинскиот персонал од клиниката апелира до граѓаните да останат дома,за да се спречи поголема катастрофа.
„ Вервајте ни. Ние се гржиме за Вас. Ве молиме останете дома и на тој начин помогнете ни и нам и на сите граѓани, стои во апелот.