Официјалните статистики може значително да ги потценат бројките на мртви од новиот коронавирус, изјави денеска градоначалникот на Бергамо, Џорџио Гори, градот во кој е епицентарот на заразата во Италија, јави ДПА.
Гори изјави дека само вчера во неговиот регион биле регистрирани 112 смртни случаи од Ковид -19, но дека вкупната бројка на умрени веројатно е четири пати поголема.
Тој објаснува дека речиси сите кои починале без да бидат запишани во статистиката биле стари лица со дијагностицирана пневмонија, што е типичен симптом на Ковид-19.
Зборувајчќи со странските новинари Гори кажа дека неговата „ненаучна“ проценка дава „многу порепрезентативна мерка за обемот на трагедијата што ја доживуваме овде“, пренесе ДПА.