Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусот… Освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбикл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија.
Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости.
– Тие се единствена хомогена група луѓе кои не се движат никаде, истакна официјален претставник на градските власти.
Тајландскиот крал (67) ја сака Баварија и честопати ја посетува. Меѓу другото, тој поседува и вила на езерото Старнберг. Последниот пат, не ја напуштил земјата поради ширењето на коронавирусот и останал заглавен во Германија.
Поради ова, тој е критикуван на интернет од своите сонародници Тајланѓани кои живеат во странство, но не и од оние во татковината. Во Тајланд, навредите кон кралот се незаконски казниви.