Православните христијани, според календарот на МПЦ, денеска ги слават Св. маченици Прокло и Илариј.
Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло бил осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови. Тој потекнувал од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара.
Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче Илариј и извика дека и тој е христијанин. Така тој во вечноста го врза своето име за името на свети Прокло.
Прокло беше погубен уште истиот ден, а по три дена и Илариј беше обезглавен.
Според католичкиот календар денеска е Св. Јаков.
Роден е во Бетсаид. Бил брат на Иван Апостол. Во 42 година, кралот Херод наредил да го убијат свети Јаков. За неговата смрт, се говори во Светото писмо. Во негова чест во Компостело, во Шпанија е изградена црква во која секоја година стотици илјади луѓе се молат за разни животни потреби.