По социјалните мрежи во Италија, кружи видео записот „Ви благодариме“ во кој граѓани на оваа земја, најтешко погодена од корона вирусот, „се заблагодаруваат“ на светските лидери, на претседателите на Франција и на САД, на германската канцеларка Меркел и британскиот премиер Џонсон, за „помошта“ која им ја пружиле во најтешките моменти низ кои минуваат од времето на Втората светска војна, пренесува хрватскиот портал Огпортал.
Италијанците потсетуваат на својата богата традиција, култура, славните Италијанци низ историјата кои го задолжиле човештвото низ вековите, но порачуваат дека вирусот не знае за граници и дека ги погодува сите.
-Ти благодариме драг Макрон, благодариме госпоѓо Меркел, ви благодариме што не напуштивте тогаш кога ни беше потребно. Благодариме што решително одговоривте на нашата молба да ни испратите маски и медицински материјал, за да се бориме со вирусот. А знаете дека ние ќе платевме за тоа!
Ние сме Италијанци. Занаетчии, нечисти од работа, недисциплинирани, комични, бучни, музикални, понекои од нас мафиози. Но, знаете, ние изградивме патишта, училишта, ја напишавме азбуката која сега ја користите. Ние сме автори на најголемите уметнички дела, кои се „сокриени“ во вашите музеи. Две третини од светското и културното наследство се кај нас. Ние сме Италијани, творци на уметност, култура, кои се основа и на вашата цивилизација. Ние ја создадовме моцарелата, пршутата, равиолата, лазањата, пицата, сладоледот, но и модата… Вас Французите ве научивме да правите вино и ракија.
Исто така, вие г-дине Трам и Вие г-дине Џонсон, благодариме што избравте изоалција наместо да ни помогнете. Се сеќавате кој ја откри Америка?…
Знаете, Италијани беа и Колумбо, Марко Поло, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Бернини, Тицијан, Рафаело, Галилео, Цезар, Аурелио, Веспазијан, Данте…
Драги наши, следниот пат кога ќе го чуете името Италија, спуштте ја главата. Кога ќе ги посетите музеите, немојте да се задржувате кај делата чии автори се Италијани. Ве молиме, заобиколете ги посетите на најубавата земја на светот. Ќе ја отвориме вратата и срдечно ќе ги пречекаме тие кои ни помогнаа.
Вие во вашите калкулации заборавивте дека вирусот не знае за граници. Ве погодува и вас. Ги погодува сите. Во вашиот егоизам, покажавте колку сте мали. Благодариме!“