Димче АРСОВСКИ

Гледам поважно од целиот крах на системот кој го води СДСМ било тоа дека сум објавил знаме развеано, ни помалку, ни повеќе – МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ.
Поголем грев од тоа да објавиш знаме на сопствената земја, на кое си горд и чии бои си ги бранел како спортист е да ја предадеш и продадеш истата како Заев и СДСМ.
Коста Петров и Роберт Поповски не сте ни инвентивни за жалење сте. Барем да го објавел релевантен медиум, а не чиј сопственик е маж на ваша вработена.
За мене потрагично од објавување на знаме е бркањето од работа на новинари во истиомениов медиум и други кои се на ист сопственик, ваш другар. Ама вие си знаете. Големи сте.
Да живее Македонија!
П.С. Утре пак ќе објавам македонско знаме