Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите.
Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини.
Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие.
Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.
Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.
Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, стои во соопштението на владејачката партија.




