Архангел Гаврил, заедно со архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради тоа што стоеле најблиску до Бога. Кога му се јавил на Захарија му рекол: „Јас сум Гаврил, кој стои пред Бога…“ (Лука, 1/19).
Значи Гаврил е еден од седумте најблиски до Бога серафими, чии имиња се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Ехудил, Варахил. Некои, кон нив го додаваат и Јеремил. Сите имаат иста чест или исто ниво на значење, но имаат различни служби.
Од „Македонски празници и празнични обичаи“ на Марко Китевски
Гаврил значи „сила Божја“, поради што неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.
Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.
Светиот Архангел Гаврил е благовесник на зачнувањето на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Но, со архангел Гаврил се поврзуваат сите настани што имаат врска со Христовото вочовечување. Тој ја посети Богородица и ја извести дека дошло времето на воплотувањето на Логосот Божји и дека таа ќе биде Неговата мајка (Лк. 1, 25-56).
Неговиот спомен Светата првославна црква го празнува следниот ден по Благовештение на Пресвета Богородица, односно на 8 април според новиот или на 26 март според стариот календар.
Празникот е наречен собор бидејќи тогаш во храмовите се собираат оние што веруваат во него. Заедно со Архангел Михаил тој е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести, поради што е познат како гласоносец или како вестител. Освен што на Богородица и се јавил во Назарет и и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот Исус Христос (Свето Благовештение) тој е познат и со повеќе други јавувања како во стариот, така и во новиот завет.
На Захарија му се јавил и му соопштил дека ќе му се роди син што ќе се вика Јован (св. Јован Крстител) , а поради тоа што овој не поверувал го казнил со одземање на гласот до раѓањето на синот. На Богородица и се јавил и и го соопштил денот и часот на нејзиното Успение, на пророкот Данило му се јавил и му соопштил за доаѓањето на Спасителот, на Мојсеј му се јавувал повеќе пати додека овој го чувал стадото на Јатор, му соопштил многу важни работи меѓу кои и за постанокот на светот што овој ги запишал во Првата книга Мојсеева (Битие) застапена на почетокот од Библијата.
Им се јавил и на светите Јоаким и Ана и им соопштил дека ќе им се роди ќерка Дева Марија што ќе се прославува со тоа што ќе го роди Спасителот. На Пресвета Дева Марија освен што и се јавил кога и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот и се јавувал и уште неколку пати, додека таа престојувала во храмот во Ерусалим, му се јавувал на праведниот Јосиф, на овчарите што ги паселе своите стада на падините околу Витлеем кога при раѓањето на Исус силна светлина ги исплашила, му се јавувал и на самиот Господ Исус Христос кога го бодрел при страдањата, па им се јавил на жените мироносници утрото по Воскресението кога го посетиле Господовиот гроб итн.
За сите овие јавувања на архангел Гаврил, Светата православна црква го востановила празникот Собор на св. Архангел Гаврил што се празнува на 26 јули (13 јули според стариот календар). Овој празник се празнува и со домашни служби и со селски собори многу посвечено во однос на 8 април порад тоа што овој празник е веднаш по големиот празник Благовештение и е во негова сенка,а се паѓа во строгите Велигденски пости.
Се смета дека ова празнување за прв пат е востановено на Света Гора во 9. век по повод едно јавување на архангелот кога со прст, врз каменот во една ќелија, ја напишал песната „Достојно ест“ посветена на Богородица. Поради тоа, таа ќелија до денес се вика „Достојно“.
Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен односно дека тој ќе биде Бог Спасител.
Архангел Гаврил, заедно со архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради тоа што стоеле најблиску до Бога. Кога му се јавил на Захарија му рекол: „Јас сум Гаврил, кој стои пред Бога…“ (Лука, 1/19).
Значи Гаврил е еден од седумте најблиски до Бога серафими, чии имиња се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Ехудил, Варахил. Некои, кон нив го додаваат и Јеремил. Сите имаат иста чест или исто ниво на значење, но имаат различни служби.
На иконите, светиот Архангел Гаврил е претставен или со крин при Благовештението на пресвета Богородица или со рајска гранка при Успението на Пресвета Богородица.