Според официјалните податоци, во Шведска која се одлучи за поблаг пристап кон епидемијата, заразени се над 10 000 лица, а починати се 887 лица. Со оглед на тоа дека Шведска има 10 милиони жители, тоа значи дека има 1 000 заразени и 88 починати на еден милион лица, што е мошне висока бројка.

Шведска овој пристап го одбра со цел да не ја запре економијата, што значи дека високата бројка всушност значи свесно жртвување на одреден дел од популацијата, за земја која со оглед на местоположбата, за разлика од САД, Италија или Франција, лесно можеше да се изолира.

Во Шведска се отворени рестораните, кафулињата и сл.

Во соседната Данска исто така има околу 1 000 заразени на еден милион жители, но и нешто над 50 мртви на еден милион жители.

Норвешка има слични бројки како и Данска за заразените – 6 300 со 5,4 милиони жители и 114 починати.

Финска со 5,5 милиони жители има 2 600 заразении 42 смртни случаи.