Во општина Тетово има 19 од вкупно 37-те случаи на лица заболени од коронавирус во регионот, објави денеска Кризниот штаб на општина Тетово.
Во Боговиње има 7, Брвеница и Теарце со по 5, а во општина Желино има едно лице заболено со КОВИД-19. Општина Јегуновце нема заболени.
-Кризниот штаб формиран во рамки на општина Тетово уште еднаш ја повикува Народната банка да упати инструкции до сите банки во општина Тетово за да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модел на работа за исплата на пензиите, така што возрасните лица да не се собираат пред влезовите на банките, истакна градоначалничката Теута Арифи.