Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал во моментов воопшто не го интересира тенисот.
Тренерот на Рафа и чичко, Тони Надал истакна дека шпанскиот тенисер во моментов размислува само за битката со коронавирусот.
– Со овој голем проблем што го имаме, се друго е заборавено. Ова се секундарни работи. Сега е важно да се справиме со коронавирусот. Тоа е важно, а не тенисот. Разговаравме и тој ми рече дека не му е грижа сега за тенис. Логично е, ако имате малку обзир, изјави Тони Надал за „Мундо Депортиво“.