На редовната, дневна, прес-конференција по повод справувањето со епидемијата на коронавирус, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има апсолутна моќ во носењето одлуки за тоа до кога САД ќе ги олесни или повлече рестриктивните мерки.
Прес-конференцијата ја почна со видео, емитувано на Фокс телевизија, во кое новинарите го фалат Трамп за сè што направил за време на кризата.
– Верувам дека ова видео ќе ви биде интересно. Потоа можете да поставувате прашања, а и јас ќе ви поставувам прашања затоа што сте ужасно виновни, но за тоа ќе разговараме подоцна, рече Трамп пред да го пушпти видеото.
Пред неколку денови тој најави повторно отворање на американската економија, по што гувернерите на неколку држави од источниот и западниот брег, упатија голем број критики. Ден претходно рече дека тој е оној кој одлучува за тие работи, а синоќа истото го повтори.
– Овластувањата на претседателот по тоа прашање е апсолутно и така мора да биде. Тие гувернери го знаат тоа. Има неколкумина од тие демократски гувернери кои не се согласуваат со тоа, но ќе се согласат, изјави Трамп.
Новинарката од Си Ен Ен потоа рече дека тоа не е точно и дека претседателот на САД нема апсолутна власт и го праша дали некој од гувернерите се согласил со него дека тој е оној кој одлучува.
– Не прашав никого. Знаете ли зошто? затоа што не морам, одговори Трамп, а потоа истата новинарка го праша кој му кажал дека има апсолутна власт. – Доста, одговори Трамп.
Си Ен Ен веднаш објави дека согласно Уставот, претседателот нема апсолутни овластувања и оти за тоа прашање одлучува федералната власт. За сите други одлуки, кои не се поврзани за федералната власт одлучуваат државите, објави Си Ен Ен, заклучувајќи дека Трамп лажел.
Друга новинарка го праша што неговата администрација направила со времето кое го добила откако забрани летови и го ограничи влезот на странски државјани. Таа инсистираше на одговор, по што Трамп ја обвини дека е „лажна“ – и таа и мрежата за која работи.
– Направивме многу, а да не го направевме тоа, стотици илјадници ќе беа мртви. Проблемот е што новинарите за тоа не известуваат онака како што треба, оцени Трамп.
По него зборуваше и доктор Ентони Фаучи, водечки американски епидемилог и член на Кризниот штаб на Трамп за справување со епидемијата. Еден ден претходно, при гостување на Си Ен Ен фаучи го критикуваше пристапот на Трамп кон кризата, по што американскиот претседател на Твитер го ретвитна повикот за отказ на Фаучи #FireFauci.
Синоќа Фаучи ретерираше, па рече дека на почетокот Трамп не се согласувал со него, но дека одлучил да ја затвори Америка откако ги ислушал сите аргументи на експертите.