Управата за јавни приходи денеска ќе информира за условите и начините за ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка и данок на личен доход кои произлегуваат од уредбите од Владата.

На прес-конференцијата ќе се обрати директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Од УЈП информираат дека прес-конференцијата ќе се одржи согласно  мерките и препораките од Министерството за здравство  за  спречување и ширење на корона вирусот.