Кремљ донел одлука за одложување на воената парада по повод 75 годишнината од победата во Втората светска војна. Парадата нема да се одржи на 9 мај, соопштило изданието „РБК“ повикувајќи се на неименувани извори, а пренесува српската редакција на Спутник.

Според „РБК“, одлуката официјално ќе биде соопштена на крајот од оваа недела, а тоа лично ќе го стори Владимир Путин. Но, објавата може да се случи и утре по состанокот на Советот за безбедност на Русија.

Не е прецизирано дали одложувањето ќе биде на неодредено време или веднаш ќе биде одреден нов датум. Поверојатно е првото.

Претходно, шефот на Комитетот за одбрана во руската Дума, Владимир Шаманов, потврдил дека ветераните од Втората светска војна го замолиле Путин парадата да биде одложена.

Според последните податоци, бројот на заразени во Русија од корона вирусот е околу 25 000 со близу 200 починат, но бројот секој ден се зголемува.