Северина вечерва е приведена во Белград откако го прекршила полицискиот час.
Апсењето се случило околу 21 и 30 часот.
Полицијата запрела БМВ, со загребски регистарски таблички, при што било утврдено дека пејачката немала дозвола за движење за време на полицискиот час.
Таа била запрена во близина на Трговскиот центар Оков на улицата Партизанска авијација во Белград.
Северина во моментов чека да биде спроведена пред надлежен судија.