Кога неспособноста нема граници. Денеска 40 новозаболени граѓани меѓу кои и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Со денови наназад Куманово е најпогодениот град од вирусот, а Филипче и Спасовски се уште не превземаат никакви мерки, порачува на ФБ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Дали по вчерашниот состанок во Куманово со кризниот штаб сега треба и Спасовски да оди во изолација?

Дали цела општинска администрацја ќе треба да оди во изолација ?

Дали Бујар Османи ќе оди во изолација?

Дали сега вашиот Пи-ар ви се удри од глава?

За жал поради вас сега ќе пати државата и граѓаните, но вие само сакате да заработите политички поени од целата ситуација и ништо друго.

Болницата и персоналот се на колена, секој ден по некој новозаболен, а сега и претседателот на кризниот штаб и еден од најповиканите за целата состојба, градоначалникот на Куманово, ќе биде елиминиран од целиот процес бидејќи треба да се лекува.

Се прашувам што ли уште треба да се случи за овие луѓе да се освестат ?
Заслепени од светлата на камерите не гледаат ништо подалеку од личниот комфорт.

Оливер, наместо да се возиш со полициски возила по партиски штабови и да ги координираш акциите за делење на компири и зејтин, фати се за работа !

Поради вашата неодговорност страдаат луѓе.

Премиер си на Република Македонија, не си веќе партиски пајташ на Заев.

Одговорност носиш пред граѓаните !

Апелирам веднаш да се фокусираат сите владини ресурси во Куманово, да се зајакнат капацитетите на болницата и да им се помогне на граѓаните.

На Димитриевски и на неговото семејство, но и на сите останати, им посакувам брзо опоравување и лесна борба со болеста.

Ова ќе помине, политиката губи значење кога се човечките животи во прашање.