Општ лекар во Итна помош во Македонски Брод, прв братучед на пратеничка од СДСМ, чиј сопруг е директор на болницата во Прилеп, според документите, е тестиран за Ковид19 и добиен е резултат 7 дена после тестот, објави Вечер.мк.
Порталот истакнува дека ја објавува оваа информација зашто е од јавен интерес, дека тоа го прави со заштита на личните податоци, заради заштита за јавното здравје и спречување ширење паника, во време на вонредна состојба.
Според Вечер, лекарот е примен во прилепската болница на 12 април, на инфективното одделение, а тимот од итната помош во Македонски Брод, до овој момент, се уште не е во изолација.
Според Вечер, се уште не се дозволува оваа информација да се сподели со јавноста и медицинскиот персонал во Македонски Брод.
Порталот не наведува повеќе информации за слулајот и изворот, но сподели објави од социјалните мрежи кои во текот на денот ја информираа јавноста за два случаи во Прилеп. Еден е овој.