Сакал да ја покани поранешната девојка на свадба, „идната сопруга“ го убила

/ 26.07.2018

Жаклин Соуза од Колорадо, САД, го убила свршеникот со нож за скара поради несогласувања околу претстојната свадба. Причината, според полициските извештаи, била караница околу листата со гости.

За Брендон Воткинс (33), се чини, заклетвата „додека смртта не не раздели“ се исполнила и пред да биде искажана. Неговата две години помлада „идна сопруга“, инаку воена ветеранка, го убила во нивниот дом во местото наречено Колорадо Спрингс.

Сестрата на Жаклин ја опишува осомничената како „прекрасна, страствена личност, но ладна како камен“.

При истрагата, ветеранката им кажала на надлежните дека конфликтот настанал кога свршеникот посакал во списокот гости за свадбата да вметне една од неговите поранешни девојки. Тоа за Жаклин значело дека таа е само минлива фаза за Брендон.

Инаку, за да се омажи за Брендон, Жаклин штотуку побарала развод од нејзиниот претходен сопруг.


Од истата категорија