Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да ја започне групната фаза во Лигата на шампионите за следната сезона не порано од 20 октомври, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворите на медиумот, годинашните натпревари во Лигата на шампионите ќе продолжат на почетокот на август, кога се очекува да завршат сите првенства. Потоа, во рок од две недели, ќе се игра четвртфиналето и полуфиналето, а екипите ќе играат на секои три дена.

Финалето е закажано за 29 август. Во моментов, целта е да се обнови Лигата на Европа на 2 и 3 август а финалето да се одигра на 27 август.