Претседателот на Косово, Хашим Тачи е примен денеска на преглед во Клиничкиот и унивезитетски центар на Косово (ЌКУК), поради здравствени проблеми кои не се поврзани со заразата од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателскиот кабинет соопшти дека Тачи е примен на Клиниката за урологија поради проблеми предизвикани од присуство на камења во бубрегот и дека неговата здравствена состојба е стабилна.
По извршените прегледи и третманот против болки, Тачи е пуштен дома и се чувствува добро, соопшти неговиот кабинет.
– По појавувањето на првите проблеми, претседателот Тачи утрово замина во итната служба на ЌКУК и на препорака на лекарскиот персонал е упатен на Клиниката за урологија, каде што ги изврши анализите и добие третман за болките предизвикани од камења во бубрег. Претседателот на Република Косово се заблагодарува на целиот персонал на ЌКУК за искажаната грижа, се наведува во соопштени.