„Дадовме поддршка и се потпишавме на иницијативата бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба која треба да ја потврдиме, а се е согласно Уставот како највисок правен акт во нашата држава. Нашата цел е зголемена контрола на Владата во моменти кога поради ситуацијата се ограничуваат слободата и правата на граѓаните. Ние сме демократска земја во која највисок орган е Собранието. Ние и натаму земаме плата како пратеници, што значи дека не сме поранешни, туку пратеници од постоечкиот парламентарен состав. Доколку некој се смета за поранешен пратеник, нека ги врати платите кои ги добиваше изминативе месеци, без да оди на работа и да помага за државните интереси“, истакна денеска Нола Исмајлоска Старова образложувајќи зошто осумте предавници од ВМРО кои гласаа за смена на Уставот и името на државата се потпишале на барањето за свикување собраниска седница на распуштеното Собрание.
Таа всушност призмава дека целта на свикувањето е да се потврдат неуставните одлуки на Стево Пендаровски за вонредна состојба.