Се наоѓаме во пресрет на светиот месец Рамазан кој освен што е еден од петте исламски столбови, истовремено го означува и почетокот на објавата на светата книга Коранот, се вели во честитката од бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев за Рамазан.
– Книга која што се почитува и практикува вековито од верниците на Исламската вероисповед. Во овој благословен месец, муслиманските верници покрај дневните молитви, ја извршуваат и обврската на постот. Им посакувам на сите нив и нивните семејства лесен пост, да имаат мир, спокојство, разбирање, милост, трпение, почит, хуманост и взаемна помош. Минуваме низ период кога глобалната пандемија на коронавирусот го зафати светот, а мерките за заштита на здравјето на граѓаните доведе до затварање на вераските објекти, џамиите и другите места за молитви. Тоа сигурно нема да ги спречи верниците да ги обавуваат молитвите и верските обреди покрај нивните семејства и домови. Секогаш имајќи го предвид фактот дека грижата во зачувувањето на јавното здравје не е само медицинска туку заедничка цел. Молејќи го Господ за вашето здравје и посакувајќи ви лесен и прифатлив пост, заеднички да придонесеме во нашата земја да има радост, меѓучовечка толеранција и хармонија, се вели во честитака од Заев.