Вечерва со заоѓање на Сонцето за сите муслимани почнува светиот месец на постот, Рамазан, а сите активности поврзани со празникот ќе бидат прилагодени на актуелната ситуација и мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.
Рамазан е месец на задолжителен пост за сите полнолетни, здрави муслимани, кои не се на пат, болни, родилки или бременижени и деца.
Постот подразбира воздржување од храна и пиење, но и лоши мисли и дела од изгрејсонце до зајдисонце.
Месецот Рамазан е деветти месец од исламскиот календар што некогаш има 29, а некогаш 30 дена.
Муслиманите постат во сите годишни времиња според лунарниот календар. Годината на муслиманскиот календар е пократка за десет дена од сончевата година, така што Рамазан секоја година се менува за десет дена.
Оваа година Рамазан има 30 дена.
Постот за Рамазан е најголемата верска обврска и еден вид на издржливост, сила на волја и верба.
Постот е исто така можност да се покаже солидарност со оние кои се жедни и гладни поради сиромаштија, не по своја волја.
Се смета дека со постот телото се прочистува од штетни работи.
По завршување на месецот Рамазан, следува тридневен празник Рамазан Бајрам.