Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 април.
Денеска е Св. свештеномаченик Антипа Пергамски.
Мачеништвото на свети Антипа, епископот на Пергам, паѓа уште во првиот век по Христа. Неговиот случај бил познат низ целата тогашна провинција Азија, каде и се наоѓал овој град. Го споменува и свети Јован Богослов во своето Откровение. Свети Антипа во тоа време беше светлината на Пергам, зашто тогашен Пергам беше полн со секакви заблуди, слично на големиот и познат Ефес. Не можејќи да го поднесат неговото сведоштво, локалните жреци го подигнаа народот против Антипа, го зграпчија и го фрлија во внатрешноста на еден вжештен бронзен вол што се наоѓаше пред храмот на Артемида. Свети Антипа преку овој сети¬лен оган премина во благиот оган на вечното непосредно општење со единствениот Бог.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Фиделис од Сигмаринген.
Бил роден во 1573 година во Сигмаринген. Неговото вистинско име било Марко Рој. Бил доктор, но поради верувањето во Христос одлучил да ја напушти кариерата и да им помага на болните луѓе.
Сакал да ги обедини веќе разделените христијани, но многумина не го прифаќале тоа. Свети Фиделис бил убиен од протестантите.