МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ: Лажен е документот дека наставата ќе почне од 18 мај!

/ 28.04.2020

Министерството за образование и наука реагира на информацијата која денес е објавена во дел од медиумите за наводно усвоена Уредба од страна на Владата со која основните и средните училишта во Република Македонија продолжуваат со работа од 18 мај 2020 година.

-Информираме дека се работи за лажна информација и документ кој воопшто не е подготвен од страна на МОН и усвоен од Владата. Оваа тема не била предмет на дискусија на владините седници во изминатите денови. За сите одлуки кои институциите на системот координирано ги носат за време на вонредната состојба, јавноста е секогаш навремено информирана од страна на службите задолжени за односи со јавност, информираат од Министерството за образование и наука.


Од истата категорија