Првиот шеф на дипломатијата на самостојна Македонија, Денко Малески, син на Владо Малески, авторот на текстот од македонската химна, вели дека „Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев биле Бугари“ и тоа може да се утврди само „со неколку клика“ на интернет.

И тоа „мора да го прифатиме за да нема вето од Бугарија“, вели пензионираниот универзитетски професор, министерот кој изјавуваше дека „самостоја Македонија може само преку него мртов“ и ја гледаше СФРЈ цела кога таа се распаѓаше пред очите на сите граѓани. Но, сега, Малески има други погледи…

Тој во интервју за бугарската ТВ Европа изјавува дека, според него, „Делчев и Мисирков биле Бугари“ и дека македонската јавност морала да се соочи со ова, ако не сака да добие вето од Бугарија за влез во ЕУ.

Малески во памтењето на Македонците е останат како министерот кој се противеше на осамостојувањето на Македонија од СФРЈ, син е на писателот Владо Малески и поддржувач на „борбата против режимот во Македонија“ од тн. шарена револуција, од времето на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Што да се каже кога правник, макар бил и универзитетски професор, и доктор на науки, кој лесно и со „три клика на интернет“ ја објаснува историјата на еден народ… освен да се парафрзазира лидерот на неговата омилена СФРЈ, Јосип Броз Тито:  (македонскиот) народ кој има такви умови треба сериозно да се загрижи за својата иднина!

(Д.Г.)

Денко Севеpeнко Малески: „Мисирков и Гоце се Бугари, мора да го прифатиме тоа за да нема вето од Бугарија“

Денко Севеpeнко Малески: „Мисирков и Гоце се Бугари, мора да го прифатиме тоа за да нема вето од Бугарија“Првиот министер за надворешни работи на Македонија, Денко Малески, во интервју за бугарската ТВ Европа изјави дека според него Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков биле Бугари и дека македонската јавност морала да се соочи со ова ако не сака да добие вето од Бугарија за влез во ЕУ. Тезите на Малески се чудни од три причини: првата е затоа што тој е добропознат како министерот кој се противел на осамостојувањето на Македонија од Југославија, син е на авторот на текстот на химната на Република Македонија и – тврди дека Мисирков се залагал за национален сепаратизам на Македонците ,но бил „Бугарин“, Делчев ја сакал Македонија бидејќи се родил во неа и затоа се борел за неа (Гоце е роден во Кукуш) и дека „денес се што требало да стори некој кој сака да ја дознае вистината е да „кликне неколку пати на интернет“ – иако сите негови тези може да бидат разбиени токму со „неколку клика“ по архивите на Њујорк Тајмс и репортажите од пред повеќе од еден век за Македонија.

Gepostet von Sekula Vojvoda Fan Club am Mittwoch, 29. April 2020