Предлогот за масовен скрининг на ВМРО-ДПМНЕ не бил прифатен од Владата поради тоа што на криминалната банда повеќе и одговора вонредна состојба во која криминалот слободно може да царува, истакна Александар Николоски при своето денешно гостување на ТВ Сонце.
Тој посочи на трите опожарени објекти во струмичката касарна каде згради градат токму Заеви.
-Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јавниот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит во Прилеп близок до власта прави криминал? А прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А прави. Дали фирмите на Заеви во Струмица прават криминал, а прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија, Ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касарна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица, вели Николоски.
Што се однесува до економската ситуација, Николоски истакна:
„Економската катастрофата во Македонија допрва доаѓа, за жал. Сега уште сме април и во април луѓето зедоа плата за месец март, а до 15-ти март работеа и кафичите и рестораните односно цел март работеше се. Сега во мај треба да земат априлска плата, а скоро ништо не работи. Во јуни ќе треба да се земе мајска плата и јас не знам од кај ќе имаат резерви за да се исплаќа“.
Николоски посочи дека за да се надмине сето ова, владата на СДСМ нема никаква најава. Според него за да денес почне економијата да се олабавува во тоа ќе се почувствува после месец или два.
-Еве ќе се дозволи да се отворат рестораните, кој ќе троши во тој ресторан ако нема плата? Некој работи во некоја фабрика, таа фабрика не работи, нема плата и со кој пари ќе оди во ресторан?-праша тој.
Во врска со сето ова, односно да се намине економската криза во Македонија, Николоски потсети на мерките кои ВМРО-ДПМЕ ги предлагаше за спас на економијата, но ништо од тоа не се усвои.
-Нина Групер и Мила Царовска која ја снема, мислат дека се многу паметни и дека знаат како треба да се води економија и затоа видовме до кај стигна работата. 10.000 луѓе остануваат без работа секој ден и допрва доаѓа економската катастрофа во Македонија, рече тој.
Во однос на тоа како ќе се финансира државата во услови на криза и намален број на даночни обрзници кои го полнат буџетот се разговараше и за финансирањето преку кредитирање. Сепак Николоски истакна дека сега веќе е доцна бидејќи се помалку има пари на светскиот пазар за кредитирање, особено за мали држави како нашата. Тој посочува дека пари нема, но и оние кои ги има се скапи.
-Во однос на позајмувањето времето помина. Ние апелиравме во февруар да има позајмување кога парите беа народски кажано ефтини. Односно каматите беа најниски. Сега затоа што фалат пари на светско ниво и Македонија е мал муштерија, а големи муштерии се Германија, Франција, САД, Велика Британија, за малите муштерии нема пари или се многу скапи. И затоа што сега парите или ги нема, или се многу скапи Македонија не може да се позајми и како што гледате министерството не може да ја реализира прво планираната операција „bridge to bond“. Односно да поедноставам, да земат пари од домашните банки денес, за месец дена да земат од странските банки, да ги вратат во домашните банки и тоа да им остане како долготрајно задолжување од странските банки. Но не успеа да го направат тоа затоа што нема пари, многу едноставно е, посочи тој.