-Јас многу често зборував и за Прилеп и за Куманово. Во Прилеп имате ноќеска 4 смртни случаи, секој ден има луѓе кои што умираат таму, секој ден има нови заболени. Во Прилеп не е дозволено да се прават повеќе од 10 тестови дневно значи не смеат да се земат повеќе од 10 брисеви дневно. За резултат се чека помеѓу 5 и 7 дена, во тие 5 до 7 дена можат да се развијат симптоми, може да се влоши ситуацијата, а за жал може да се изгуби и животот. Зошто не отишол Венко Филипче кој секој ден држи пресови во Прилеп да се види со луѓето, да поразговара со нив и тие да му кажат што мислат за пресовите.

Во Прилеп бурата е дојдена и за жал сега целиот град е под опасност.

Николоски во своеото гостување зборуваше и за ситуацијата во Куамново каде го посочи следново:

-Слична е ситуацијата и во Куманово. Куманово отиде во лакрдија дури гледаме се лажирале резулати за градоначалникот затоа што таму постои битка помеѓу Оливер Спасовски и Максим Димитриевски, двајцата се од Куманово и се борат кој да е локален шериф и во таа битка толку брутално отидо што биле лажирани тестови за градоначалникот на Куманово дека наводно е позитивен, а човекот не е позитивен. Кога се спремни да лажираат да лажираат тетсови ти се спремни на се.

Имено потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски истакна дека пред некој ден Филипче посочил дека се правата по 700-800 тетсови, а вчера беше пбјавено дека се направени 200 тетови и со тоа нормално дека што помалку тестови се прават бројката на заразени ќе биде помала.

Во врска со тестирањето Николски го додаде следново:

-Во Прилеп ние предлагавме да се тестсираат преку 10 000 луѓе, во Куманово исто така предлагавме да се тетстираат преку 10 000 луѓе, но нема тестови и тоа е основниот проблем што не се тестира. Вториот проблем кој е полош од првиот проблем е што резултатите стигаат многу доцна. Имаше случај каде се чекаше 5 до 7 дена и имавме такви неколку случаи обелоденети во битолската болница.

Речиси 20 проценти од сите заболени во Македонија се медицински персонал, а според Николоски тоа е резултат на тоа што медицинскиот персонал на почетокот немаше никаква заштитна опрема и за жал и покрај апелите на ВМРО-ДПМНЕ за интервента набавка на ваква опрема тоа Владата никогаш не го сторила.

-Видовме дека власта лошо се справува, на почетокот немаше никаква заштитина опрема. Се доведе медицинскиот персонал самиот да си шие од најлонски кеси калјачи и капи. Да купуваат ракавици, визири кои што се за овие кои што работат со швајц апарати, а не медицински визир за да може колку толку да се заштитат. И тука апелиравме до Владата да се набави заштина опрема преку интервентна набавка, но за жал не направија ништо. Сега плачат по медиуми дека немало респиратори, нема затоа што други ги купија. Да купеа во февруар кога ние апелиравме ќе беше друга ситуацијата, вели Николоски.

Токму поради оваа причина посочува Николоски, ВМРО-ДПМНЕ се ангажирало во рамки на ЕНП да побара помош од пријателските држави како што се Унгарија и Словенија и токму првите заштитни скафандери употребени во државата биле донација од Унгарија. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ води разговори со Австрија, односно канцеларот Курц за да издејствува уште една донација и помош за Македонија во справување со кризата.

-Се ангажиравме онаму каде што имаме пријатели во рамки на Европската народна партија. Разговаравме со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме со премиерот на Словенија, Јанес Јанша. Во контакти сме во моментов со Австрија, канцеларот Себастијан Курц, очекуваме и од таму одредена помош како држава. Така што решија луѓето да помогнат во едно критично време, мислам дека помошта од Унгарија покрај реалната помош имаше и симболика. Но и суштински медицинскиот персонал немаше и скафандери, првите скафандери кои што се употребија во Македонија беа тие 5 илјади скафандери кои стигнаа од Унгарија.