Министерот за здравство Венко Филипче кој пред неколку недели изјави дека случајот во Велес е затворен и нема потреба од дополнителна истрага, денеска го смени мислењето. По изјавите на министерот за внатрешни Наќе Чулев дека според оперативните информации кој тој ги добил, дека членовите на семејството Маноилов починале во втората половина на јануари, Филипче денеска побара од сите институции да соработуваат за да се открие вистината.
Пред неколку дена врз основа на заклучоците од извештајот на судска медицина, Филипче рече дека смртта на членовите на семејството Маноилов настапила на почетокот на март. Филипче изјави дека судска медицина подготви два извештаи и дека има потреба за дополнителна истрага.
Од Институтот за судска медицина преку реакција рекоа дека не отстапуваат од нивниот научен став дека смртта на членовите на семејството Маноилов од Велес настапила три до четири недели пред да бидат пронајдени телата. Случајот во Велес кој го откри Алсат М откри дека починатите биле заразени од Ковид 19, а според соседите, тие последен пат биле видени на почетокот на јануари. Ова покрена сомнежи за тоа дали можеби Корона вирусот во земјава постоел и на почетокот на јануари.