Во врска со последните изјави околу Гоце Делчев и Крсте Мисирков, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва на ТВ Алфа истакна дека името Гоце Делчев е всушност Македонија и дека тука нема што да ие разговара, како што нема што да се разговара и за македонскот јазик.
За одржувањето избори, во контекст на најавите на генералниот секратар на СДСМ, Николовски, дека тие ќе се одржат со маски и ракавици и држење дистанца, Мицкоски истакна:
„Нас во ВМРО – ДПМНЕ здравјето на граѓаните ни е приоритет, потоа економијата да тргне или што се вели да застане на нозе и да им се врати самодовербата на луѓето по сите овие карантини. Во првите три приоритети не станува збор за избори. Важно е здравјето, да тргне економијата и луѓето да си ја вратат самодовербата. Треба да се врати вербата во државата, посочи тој.
Според него и претставниците на власта се контрадикторни или еден кажува не сме зборувале за избори, друг кажува како ќе се гласа.
– Без темелна анализа што ќе се случи по оваа пандемија, најмал проблем се маските при гласање, туку каква програма ќе им се понуди на граѓаните. Многу поважно, клучно е што ќе им се понуди на граѓаните. Или едноставно важно е каква програма ќе им се понуди