Жарко Масларковски од Скопје, по втората шампионска титула за ракометниот тим на Вардар продолжил со прославата веејќи го знамето од Кутлеш и пред Собранието на РМ. Поради тоа, како што пишува самиот на ФБ, тој в среда треба да се појави пред судијата за прекршоци, 1очигледно затоа што сторил глем грев според прописите на „Северна“.
Изминатиов период Малсарковски добива голема поддршка преку социјалните мрежи. Еден тие што застанаа позади навивачот е и сегашниот голман на Вардар, Борко Ристовси, кој упати порака дека тој ќе ја плати казната која ќе ја добие навачот од судот за прекршоци.