Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, истакнуваат од Обвинителство.

Јавното обвинителство за сите обвинети предложи да бидат одредени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што една дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност.