Владимир Константинович Невјарович
превод од српски: Весна Апостоловски
Објавено во изднието „Вистина“, гласник на Преспанско-пелагониската епархија
Во светоотечкото учење, здравјето се набљудува како најголем дар од Бога. Освен тоа, физичката (телесна) среќа, на подвижниците никогаш не им била основна цел, но таа им служела само како средство, со чија што помош пловеле низ живот-
ното море, кон спасение.
Секогаш се оддавало поголемо внимание на душата, а не на телото:
„Каква корист е да имате здраво тело, а душа болна и немоќна„ – пишувал Св. Тихон Задонски. Ако на душата и е предодреден живот вечен, а телото е минливо и распадливо, потполно е разбирлива причината за таквиот однос спрема неа. Меѓутоа, телото секогаш се нарекувало и храм на душата, та затоа и содржината на храмот мора да биде соодветна.
Во темелните моменти за вистински здрав живот, Светите Отци ги вбројувале: душевниот мир, умерена и разумна исхрана со соодветни ограничувања (постење), живот со молитва, вера и љубов кон Бога и ближните, физичка работа.
Современата медицина советува, секој ден да трошиме толку и толку белковини, јаглено хидрати, масти, витамини, и мнозина луѓе, преерано загрижени за своето физичко здравје, со помош на фармацевтска вага мерат и се обидуваат да го контролираат својот оброк, точно придржувајќи се кон научните препораки. А во пракса и понатаму постојат болести, непредвидливи здравствени пореметувања, иако луѓето, кон се точно се придржуваат.
А древните христијански подвижници, судејќи според многубројните извори, воопшто не се хранеле по научен рецепт, јаделе проста храна (леб, вода, овошје и зеленчук), а и тоа понекогаш, не секој ден, па сепак живееле долго, задржувајќи ја крепо-
ста на телото и бистрината на умот.
А, имало и помалку заболувања. На пример, еден од основачите на древното монаштво Св. Павле Тивејски, отшелник и пустиножител, со исклучително скромна трпеза (малку леб, урми и изворска вода) доживеал 113 години. Друг отец на монаштвото, Св. Антониј, кој уште при живот е наречен Велики, се упокоил во 105 година, според сведочењето на совре-
мениците – „сочувувајќи го до последен ден остриот вид, и своите здрави заби. Здрави му биле и рацете и нозете. Со еден збор, изгледал јак и посилен од секој кој користи разновидни јадења, бањи и разновидна облека“.
Кога пред својата смрт, подвижникот се појавил пред луѓето, доаѓајќи во Александрија за да ја разобличи ереста, неговиот изглед ги восхитил сите: „Неговото тело го сочувало поранешниот изглед, ни малку не се здебелил, ниту пак ослабел од
многу постење и борба со демоните.
Антониј бил ист онаков, каков што го познавале пред отшелништвото. Во неговата душа сеуште била онаа чиста природа, не бил тажен ниту пак дошол во состојба на восхит од задоволство, не се предал на смеењето ниту на тагата, не се збунил гледајќи мноштво луѓе, ниту пак се израдувал кога сите почнале да го поздравуваат, туку останал невознемирен и незбунет, затоа што со него управувал разумот…“.
И други примери докажуваат дека човекот навистина „не живее само од леб“ и дека постојат други енергетски извори (кои не потекнуваат од храната) кои го хранат организмот. Тоа особено јасно се гледа таму, каде што е присутен духовниот живот. Овде, победата на духот над телото е очигледна. Светоотечкото учење, многу високо се оценува по прашањта за здрав живот и значењето на физичката работа, меѓутоа, истакнува дека таа работа мора да биде духовна (одуховена), сразмерна со човечките можности, а не страсна, опседната, егоистична и користољубива.
„Со пот од лицето свое ќе јадеш леб…“ (1Мој. 3,19). Т.е. Ние мораме постојано да вложуваме големи, но според својата сила, сразмерни напори, за да си обезбедиме себеси се што ни е неопходно. Меѓутоа, недуховната работа, го упатува човекот на патеката на која се извлекува корист од резултатот на работата, или станува формална, во случаи на присилна работа, а во сите случаи доаѓа до прекин на духовното единство со Творецот. Епидемијата на ѕидање викендички, во последните години во Русија, кај мнозина пројавила недуховен страсен излив на очај, на лесна заработка или комфорност, но пратено со грди последици и многу пореметувања (иако во основата на тоа, биле и многу добри цели: човекот да се врати кај земјата, да се ре-
ши проблемот со исхрана…). Бројни модерни системи на лекување, периодично, од година во година, избиваат со нова сила, понекогаш стекнувајќи масовен епидемски карактер и измамувајќи приличен број на оние, кои сакаат ефикасно да влијаат на своето здравје или да се излекуваат. Тоа се и сите можни диети, методи на гладување, употреба на јаболковата киселина, мирисање на корен од валеријана, изртени житарки, и.т.н. Некои системи на лекување кои се пропагираат, прилично се сурови и носат аскетски карактер, понекогаш имаат духовен, философски правец, сообразен на природата, меѓутоа никогаш не се издигнуваат на ниво, на вистинско сфаќање на Божјата промисла, зашто се ограничени во својата човечка неукост, наспроти запоставениот главен темел и принцип на лекување – тежнеење кон Творецот и живеење во Христа. «Имаш Лекар Кој е над болестите; имаш Лекар Кој ја победува силата на болеста; имаш Лекар Кој лекува со едно движење на раката; имаш Лекар Кој исцелува со една одлука, Кој и може и сака да лекува“, напишал Свети Јован Златоуст.
По прашање на лекувањето, светоотечкото учење го следи Светото Писмо, кое што, за оваа тематика е исполнето со вредни податоци. Да се обрнеме кон некои од нив, кои авторот ги избрал заради погодноста и очигледноста на излагањето, во вид
на заповеди, за здравиот начин на живот.
1. „Секое огорчување и јарост, гнев, викање и хулење, нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба“ (Еф. 4, 26). „Зависта и гневот животот го скратуваат, грижите носат предвремена старост“ (Сир. 30, 26).
2. „Пазете на себе“ (Лк. 17, 3). „Никаков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат“ (Еф. 4, 29). „И вие сами, како живи камења, изградувајте од себе духовен дом“ (1 Петр. 2,5).
„Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудство, нечистота, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство“ (Кол. 3,5).
3. „Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја и напакости“ (Мк. 8,36).
4. „Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто“ (Евр. 13,4); „Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело“ (Мт. 19, 6).
5. „А жалост за душата кога многу се пие, кога се пие со страст и гнев“ (Сир. 31, 34); „Ниту крадците, ни користољубците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат Царството Божјо“ (1Кор. 6,10).
6. „Поради јадење не уривај го делото Божјо. …а тешко е за оној човек, кој јадејќи се соблазнува“ (Р, 14, 20); „Добар сон има кој умерено јаде, рано тој станува и полн е со свежина“ (Сир. 31, 22).
7. „И с` што правите, правете го од душа, како за Господа, а не за луѓе“ (Кол. 3, 23); „Ако некој не сака да работи, и нека не јади“ (2 Сол. 3, 10).
8. „И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло“ (Мт. 6, 31);
„Ползувајте го времето, зашто дните се лукави“ (Еф. 5, 16).
9. „Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Рим. 12, 18); „Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа“ (Евр. 12,14).
10. „Не барај го она што е преголемо и претешко за тебе; не истражувај го она што е над твоите сили“ (Сир. 3, 21); „При многу твои занимања, не грижи се за она што ти е непотребно; тебе ти се откриени многу човечки знаења“ (Сир. 3, 23).
11. „Примај со радост се што и да ти се случи; биди трпелив и во промените на твоето понижување“ (Сир. 2,4); „Не позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро“ (Рим. 12, 21).
12. „А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете“ (Фил. 4, 8); „Нека ви биде според верата ваша“ (Мт. 9,29).