Се проценува дека најмалку 90.000 здравствени работници во светот се заразени со коронавирусот, иако тој број би можел да биде двојно поголем, се вели во соопштение на Меѓународниот совет на медицински сестри (МЦН).
Според податоците собрани во само 30 земји, повеќе од 260 медицински сестри починале од последици на Ковид-19.
ИЦН апелираше до владите да водат точна евиденција за да спречат ширење на заразата меѓу медицинскиот персонал.
– Според нашата евиденција, бројот на заразени здравствени работници се искачи од 23.000 на повеќе од 90.000, но дури ни тоа не е точен број, бидејќи немаме податоци од сите земји во светот, изјави Хауард Кетон, извршен директор на ИЦН.