Членот на Државната изборна комисија, Дитмире Шеху смета дека за 22 дена, од завршувањето на вонредната состојба до одржувањето на изборите за кои инсистираат воглавно СДСМ, ДИК не може да ги изврши останатите процеси за да може да имаме легитимен изборен процес.
Таа во емисијата “Клик Плус“ на телевизија ТВ21 потенцираше дека за да се одржат легитимни избори, меѓу другото, Државната изборна комисија првично треба да направи и ново ажурирање, односно прочистување на избирачкиот процес, додавај ќи дека за тоа го известиле и претседателот на државата, Стево Пендаровски.
– Одлуката и ставот на ДИК беше едногласен. Сите се согласивме дека избирачкиот список, повторно уште еднаш, треба да направиме ново ажурирање на избирачкиот список. Истиот став му го претставивме и на претседателот на државата, на средбата која ја имавме минатата недела, дека во рок од 22 дена Државната изборна комисија не може да ги реализира сите останати изборни процеси, за да има еден легитимен изборен процес, рече Шеху.