Во францускиот Парламент формирана е уште една пратеничка група од актуелни и поранешни членови на владејачката партија Република во движење (ЛРЕМ), со што партијата на претседателот Емануел Макрон го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот.
Новата група од 17 пратеници е со има Екологија, демократија, солидарност и денеска официјално ќе поднесе документ за формирање во Парламентот. Групата ќе дејствува независно, нема да биде дел од владејачкото мнозинство ниту од опозицијата.
ЛРЕМ губи седум свои пратениции апсолутното мнозинство во Парламентот. За апсолутно мнозинство во Парламентот потребни се 289 пратеници, а партијата на Макрон сега ќе има 288.
Новата парламентарна група наведува дека нејзина амбиција е да биде „општествена и еколошка промена“.
– Одговор на итната еколошка ситуација, модернизација на демократијата, намалување на општествената и територијалната нееднаквост, се наведува во приоритетите на групата.
Владата и извршната власт последните денови вршеа притисок за да го спречат создавањето на оваа група. Според информации на „Фигаро“, министерот за здравство Оливие Веран бил задолжен да оствари одреден број на телефонски повици до дисидентите..
Оваа нова формација е многу помала отколку што се очекуваше со само 17 пратеници, вклучувајќи само шест пратеници поранешни членови на ЛРЕМ (Седрик Вилани, Ани Шапелие, Емили Кариу, Орилиен Таше, Гијом Шиш, Јолен де Курсон). Двајца пратеници на ЛРЕМ синоќа дури и се повлекоа.
На Твитер, Матијо Орфелин го објасни името на групата, при што го претстави нејзиното лого.
– Три збора, три главни императиви, три неразделни приоритети. Со кризата на Ковид-19, треба да ги надминеме поделбите и позициите и да го градиме колективно светот потоа. ЕДС, што ние денеска ја создаваме, ќе биде група на предлози, за коалиција, за иновации , посочи тој.