Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во „10 минути“ на ТВ21 посочи дека главна работа околу која треба да се врти целата работа е датумот за избори.
„Изборниот законик кажува дека за да организира било што Државната изборна комисија мора да има датум на избори. Во оваа ситуација каде со уредба се прекина дејствието, па сакаат да се продолжи никаде не пишува кој е датумот на избори“, додава Деркоски.
Тој додава дека никаде не пишува дека може со уредба со законска сила да се утврди датумот на избори.
„Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите како поединечен акт кој што се носи кај претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата“, посочи претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.