Тврдењето на претседатeлот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски дека ДИК е предмет на притисоци укажува дека имаме работа со власт која сака нерегуларни избори.
Воедно изворот на таквите притисоци може да е еден и единствен, а тоа е власта во заминување и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува сите форми на притисок врз ДИК од страна на Заев и власта. Бараме да ги тргнат рацете од институцијата и да ја остават да работи и одлучува согласно закон. Прво вршеа поткуп на гласови, Заев и неговиот брат Вице, а сега вршат притисок врз ДИК за нерегуларни избори.
Граѓаните мора слободно и демократски да ја изразат својата волја, престојните избори се пресудни за нашата европска иднина. Изборите и изборниот процес мора да бидат спроведен соогласно законите, а на Државната изборна комисија да и биде дадено потребното време за да не се ускрати со устав загарантираното гласачкото право на ниту еден граѓанин.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ