Републиканските пратеници најавија судска постапка против спикерот на Долниот дом, Ненси Пелоси, бидејќи за време на пандемијата дозволила на конгресмените да гласаат за оние што не биле лично присутни поради епидемиолошки мерки.
Со поднесување тужба во федералниот суд во Вашингтон, републиканците сакаат да го укинат новиот систем прифатен од демократското мнозинство во Конгресот, за да му овозможи на Капитол да функционира нормално, додека ги почитува мерките за социјално дистанцирање.
Тие велат дека промената на правилото е неуставна.
Новите правила, донесени на почетокот од овој месец им овозможуваат на членовите да гласаат однадвор, барајќи од еден од присутните пратеници да гласаат за нив. Инаку, гласањето од 435 пратеници во помали групи би траело со часови.
Конгресот не е единствената компонента на американската сојузна влада која го прилагодува своето однесување во околностите на пандемијата. Врховниот суд за првпат одржа телефонски расправи овој месец.