Убава вест денеска пристигна од рускиот Болшој тетатар: 18-годишната скопјанка Стефанија Гаштарска е првата Македонка која стана дел од ансамблот на овој голем театар.
На младата Гаштарска и стана јаве сонот што многумина млади го сонуват. Таа пред две години заигра на импонзантната сцена, во улога на принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“. Станува збор за балетска гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, а сцената ја делеше со уште 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.
Убавата вест на социјалните медиуми ја споделија со честитка и познатиот македонски оперски пејач Игор Дурловски, како и од компанијата Гришко – производител на светски познати балетанки, чиј бренд-амбасадор е и младата Гаштарска и кој има свој погон во Македонија во Демир Хисар.