Мирјана ТОДОРОВСКА

Добредојдовте во Северна – Земјата на чудата.
Државата каде законите се селективни.
Државата каде функцијата Ве воздигнува до небо, а човечките чувства Ви се таму некаде две метра под земја.
НАШАТА ДРЖАВА на граница, после беспрекорно, но долго 24ч. патување преку три држави, не пречека во ИЗОЛАЦИЈА во магацинче од 4м2 10 души.
Нашите драги сограѓани на функција, не не прашаа ни вода дали ни треба.
Нашите многу загрижени, одговорни и принципиелни Венко Филипче, Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, Министерство за Надворешни Работи / Ministry of Foreign Affairs, Министерство за внатрешни работи, медиуми и ред други, кренаа раменици на нашите прашања.
А нашите прашања:
1. Зошто не обезбедивте услови за пристојна изолација на луѓето кои треба да чекаат превоз до државен карантин цели 12ч.? Спиевме на ова место.
2. Дали сте свесни дека ако еден од нас беше позитивен, ќе беа и останатите 9?
3. Дали после 3-4-6-8 месеци не заслуживме едно “Доброутро, добре ни дојдовте дома!”? Наместо тоа добивме: “Или во карантин, или враќај се назад!”
4. Дали оваа смртоносна корона е навистина смртоносна, или не ве интересираат животите на Вашите сограѓани кои вредно работеле во странство за тие и нивните фамилии да ги потрошат парите дома?
5. Зошто не лажите дека со негативен тест би можеле да ја поминиме границата, а имаше луѓе кои ги изложивте на дупли трошоци оти не им ги признававте тестовите од странство.

Не очекував ништо подобро, сакав само да си дојдам дома. Ама очекував човечки однос. Нели државата е на граѓаните.
Ама не.


Од истата категорија